Возилото на Иџе поправено, Словачка нов тест

Од:

Македонскиот и европски шампион на ридски патеки Игор Стефановски – Иџе во рекордно време го поправи оштетеното возило и е подготвен да се фати во костец со европската возачка елита

Тимот на европскиот шампион на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе успеа да ја добие трката со времето и во рекорден рок да ги замени оштетените делови на неговото Mitsubishi Lancer Evo IX со што нашиот најуспешен спортист ќе може да учествува на следните две трки од Европското првенство во Словачка и Германија.

Како што веќе ве информиравме, пред две недели, на враќање од трката во Италија, на територија на Србија, приколката со тркачкото возило се откачи и заврши во ендек со што настрада и самото возило, односно неговиот преден дел.

По враќањето во Македонија следуваа тензични денови во обид во најкраток период да се најдат и нарачаат нови делови и тие навреме да стигнат во Скопје за да може возилото да се подготви за пат на следната трка. По безброј телефонски разговори и серија на непроспиени ноќи, деловите стигнаа токму навреме да бидат монтирани и возилото е подготвено за трката во Словачка. Сепак, не излезе се така идеално.

– Надворешните поправки на предницата ги направивме кај нас. Проблем беа внатрешните делови кои за среќа стигнаа на време од нашите пријатели од Белград и стандардниот партнер за “итни ситуации“, полскиот сервис “Фор Турбо“. За жал, на крај не остана време да го пробаме возилото и да видиме дали е се во ред. Практично, на првиот тренинг во Словачка ќе видиме дали е се во ред. За среќа, таму ќе биде и екипа од “Фор Турбо“ како поддршка за еден полски возач. Тие ќе го прегледаат уште еднаш возилото, но се надевам дека се е поставено како што треба затоа што нема да имаме многу време за дополнителни преправки – вели Иџе.

Викендов во Словачка, Иџе го очекува 6.810 метри долгата патека Добшниски Копец која ќе биде домаќин на осмата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки. Како што е познато, Стефановски води во генералниот пласман со 19 бода пред Чехот Јаромир Мали. Исто како и пред две недели во Италија, Иџе ќе ги има домашните возачи како најсериозна конкуренција за која ќе треба да се дојде до максимумот на перформансите за да се забележи триумф. Од вкупно пријавени 116 возачи во групата Н, заедно со Стефановски има пријавено 10 возачи. Од нив, за Иџе би требало најголем проблем да биде домашниот шампион Властимил Мајерчак.

– Мајерчак не само што е одличен возач, туку и ја познава оваа патека до перфекција. Неговиот татко е и организатор на трката. Се зависи во каква состојба ќе биде моето возило. Ако е се во ред, тогаш ќе може да одиме на победа. Мојот конкурент во генералниот пласман, Мали во групата А има послаба конкуренција и неговата победа таму е скоро извесна. Затоа немам простор за калкулирам во мојата група – додаде Иџе.

Би можело да ве интересира

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

На патеката кон Пониква се возеше втората трка од Државниот шампионат во автомобилизам

Ана Ололовска

Ристо Вуков Рико и Халк Осигурвање – пријателство кое продолжува и во 2021

Ана Ололовска

Давидовски: Подобри сме од лани, но нашата цел е повисока

Нашиот автомобилист Ристо Вуков – Рико ја вози првата трка од купот Порше Карера Италија

Жарко Настоски