Соораќајните прописи најмалку ги почитуваат возачите на ВМW автомобилите, но и оние кои возат Toyota prius покажало истражувањето на Универзитетот Беркли.
Во истражувањето учествувале 152 возачи, а се покажало дека осум од десет го застануваат возилото поради пешак. Исто така, почесто се застанува за жените кои ја преминуваат улицата, отколку за мажите.
На раскрсниците кои не се регулирани со семафори, возачите со поскапи автомобили воглавно ја превземаат предноста на останатите учесници во сообраќајот.
Во “безобразлукот” предност имаат возачите на BMW, но истражувачите најмногу ги изненадило сознанието дека возачите на еколошкиот Toyota prius автомобил исто така се склони кон кршење на сообраќајните правила и прописи.