Американката Линдзи Вон победи на седмата велеслаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање, откако денеска беше најдобра во Похорје крај Марибор, каде се одржува популарната „Златна лисица„.
Вон до својата втора победа сезонава во оваа дисциплина, вкупно 59-та во кариерата стигна пред домашната скијачка Словенката Тина Мазе која заостана 8-стотинки, односно Ана Фенингер од Австрија која имаше заостанување поголемо од половина секунда.
Сепак Тина Мазе со 1.554 бода и натаму е убедливо прва во севкупниот поредок во Светскиот куп, додека второ пласираната Германка Марија Хефл Риш има 806, а Линдзи Вон со 740 бода, сега е трето пласирана.