Американката Линдзи Вон постави нов рекорд по бројот на победи во спуст, откако денеска во најбрзата дисциплина од Светскиот скијачки куп оствари најдобро време.
До седмата победа оваа сезона американската скијачка дојде со време 1:37.01.
Воедно, за Вон ова беше вкупно 37. победа во спуст и 74. во кариерата.
Второто место во италијанската Кортина д’Ампецо го освои Канаѓанката Лариса Јуркиф, додека трета беше Лара Гут од Швајцарија.
Пред две седмици Вон се израмни со легендарната Австријка Анамари Мозер-Прел по бројот на победи во спуст, а веќе на следната трка стана најдобра во историјата на спустот.
Во генералниот пласман од Светскиот куп води Гут со 810 бода, Вон е втора со 800.
Во спуст Американката е прва со 400 бода, пред Јуркиф со 278 бода.