Американката Линдзи Вон е победничка на спустот од Светскиот куп што се одржа во Лејк Луис, Канада. Таа трката ја заврши со време 1:50.50 минути, доволно за прва нејзина победа во новата сезона.
Воедно, Вон го забележа 68.триумф во нејзината кариера.
На втората позиција се пласира Корнелија Хитер од Австрија со 58 стотинки заостанување, додека трета беше нејзината сонародничка Рамона Зибенхофер со време 1:51.57 минути.
Во Генералниот пласман од Светскиот куп води Микаела Шифрин со 280 бодови, пред Фрида Хансдотер од Шведска со 195 и Лара Гут од Швајцарија со 190.
Денеска во канадскиот скијачки центар ќе се вози уште еден спуст во женска конкуренција.