Американката Линдзи Вон победи на денешниот спуст што се возеше во Алтенмарк. Таа имаше најдобро време 2:11.17 минути што беше за една секунда подобро време од постигнувањето на второпласираната Лариса Јуркив од Канада. Место на победничкиот подиум обезбеди и Корнелија Хутер од Австрија, која го освои третото место.
Вон е водечка во пласманот за спуст со 300 бодови, а 50 помалку има Хутер.
Во генералниот пласман Лара Гут од Швајцарија е водечка со 658 бодови, додека Линдзи Вон со вкупно 600 се проби на втората позиција.
Машкиот слалом во Аделбоден е откажан поради магла и лошите временски услови.