Вон го освои кристалниот глобус и во супервелеслалом

Од:

Американката Линдзи Вон го освои вториот кристален глобус сезонава во Светскиот куп, откако денеска победи на последната трка од дисциплината супервелеслалом возена во француски Мерибел.

За Вон ова е петти кристален глобус од оваа дисциплина и 19. во кариерата.

Вчера најтрофејната американска скијачка го освои трофејот и во спуст.

Победничкото време на денешниот „Супер-Џи“ изнесува 1:07.70 минути. Втроа беше Ана Фенингер (Австрија) со 49 стотинки заостанување, а трета Тина Мазе (Словенија) со 80 стотинки побавно време од победничката.

Вон воедно го подобри и рекордот со 67 победи во Светскиот куп.

Конечен пласман во супервелеслалом:

1. Вон 540 бодови,

2. Фенингер 512,

3. Мазе 390,…

Генерален пласман во Светскиот куп:

1. Фенингер 1.453,

2. Мазе 1.421,

3. Вон 1.042,…

До крајот на сезоната остануваат уште две трки, една слаломска и една во дисциплината велеслалом.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ