Волво непосредно пред Саемот на автомобили во Франкфурт официјално го претстави луксузниот Гран Турер Концепт Купе, што го покажува новиот дизајнерски правец на шведската компанија.
Предниот дел на концептот го карактеризираат дневни ЛЕД светла во облик на буквата Т, што во иднина ќе може да се видат на сите Волво модели. Потоа следи голем поклопец на моторот и панорамски покрив над патничката кабина, а заедниот дел потсетува на легендардниот модел П1800.
Концептот е поставен на 21-инчни тркала. Луксузната внатрешност е преслечена во кожа и делови од дрво. Возачот пред него има „хед ап“ дисплеј и „инфотеинмент“ систем што се управува преку голем екран осетлив на допир.
Хибридниот плаг-ин погон се состои од дволитарски бензински мотор и електро мотор што заедно обезбедуваат околу 400 коњски сили.