„Волво“ до 2021 година на пазарот ќе излезе со автомобил без потреба од возач

Од:

Компанијата „Волво“ планира во рок од пет години да произведе автомобили што ќе можат да возат по автопат без помош од возачи.

Во раната фаза на проектот, веќеод 2017 година шведскиот производител на патиштата во околината на Гетеборг, Лондон, или во Кина, ќе почнат тестирања во кои во секоја од земјите ќе учествуваат по сто прототипа на возила со авто-пилот. За разлика од некои други компании кои развиваат слични системи, автомобилите на „Волво“ нема да ги возат инжењерите и вработените, туку обични луѓе, сопственици на автомобилот на оваа марка.

Како што пишува „ Autonews“, „Волво“ се уште е во потрага по партнер што ќе му помогне да ја достигне целта во рок од пет години.

–   Нашата амбиција е до 2021 година да имаме возило што ќе може целосно автоматски да сообраќа по автопатиштата, изјави првиот човек на „Волво“, Хокан Самуелс, и објасни дека за такво нешто им е потребен партнер затоа што „автокомпанијата не е во состојба самостојно да ја развива технологијата на авто-пилот“.

Со оглед на тоа дека „Волво“ има репутација на производител на исклучително безбедни автомобили, се очекува компанијата при имплементацијата на оваа технологија да ги избегне потенцијалните ризици и дека нема ништо да препушти на случајот. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ