Volvo Cars објави рекордна продажба во 2017 година

Од:

Volvo Cars објави рекордна продажба на возила во 2017. Глобалната продажба кај производителот на премиум возила е зголемена за 7 отсто во однос на 2016 година, односно продадени се 571.577 возила.

Главен двигател на растот е продажбата на новите XC60 и XC90 автомобили, благодарение на нивната развиена модуларна архитектура, во смисла на дизајн, технологија и бренд.

За речиси 21 отсто е зголемена продажбата во азиско-пацифичкиот регион, како резултат на рекордните перформанси на најголемиот пазар на Volvo – Кина. Таму продажбата е зголемена за 25,8 отсто во споредба со 2016 година. Во меѓувреме, продажбата во Европа, на Средниот Исток и во Африка порасна за 3,3 отсто, додека во регионот на Америка порасна за 0,7 отсто во 2017 во споредба со 2016 година.

Изминатата година беше многу важна за Volvo Cars. Се појави новиот XC60 кој го замени најпродаваниот модел на компанијата и најпродаваниот SUV во Европа, премиерно прикажан на Саемот во Женева во март 2017.

Volvo Cars најави електрификација на сите возила што ќе почне да ги произведува од 2019 година и тврди дека секое возило ќе има електричен мотор. Со ова се означува крајот на автомобилите што имаат само мотор со внатрешно согорување.Во насока на електрификација, Volvo го лансираше Polestar, новиот самостоен електрифициран автомобил – целосно направен во Volvo Car Group.

Volvo Cars, исто така, го продлабочи своето партнерство со Geely Holding преку создавање компанија за заедничко вложување за да обезбеди побрз развој на електрифицирана технологија од следната генерација. Volvo, исто така, објави дека ќе преземе 30 отсто од акциите на новиот бренд на LYNK&CO на Geely, базиран на заедничката модуларна архитектура на двата ентитета.

Во септември 2017 година беше воведен XC40, првата Volvo понуда во брзорастечкиот мал сегмент од SUV. Волво, исто така, измисли нов модел за пристап до автомобили прекууслуга со претплата “Care by Volvo”, што го прави автомобилот транспарентен, лесен и достапен како да имате телефон. Овој концепт е воведен со новиот XC40.

Volvo Cars продолжи со изградба на новата фабрика за производство во Јужна Каролина, САД, каде освен претстојниот S60 седан, од 2012 година ќе се произведува и следната генерација XC90. Вкупната инвестиција на Volvo Cars во нејзините производствени операции во САД изнесува над 1,1 милијарда американски долари и за 4.000 ќе ги зголеми вкупните нови работни места.

Кон крајот на 2017, Volvo Cars отвори сосема нов пазар, потпишувајќи рамковен договор со Uber за продажба на десетици илјади автономни компатибилни базни автомобили за возење за компанијата од 2019 до 2021 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска