Компанијата Volkswagen Korea ќе повлече следната година 28.000 автомобили во Јужна Кореја поради дефект кој може да доведе до откажување на безбедносните перничиња, објави во понеделникот јужнокорејската агенција Renhapso.
Според нивните податоци, производителот на автомобили неодамна ги објави плановите на министерството за сообраќај на Република Кореја да ги повлече автомобилите и да се исправи неправилноста во моделите на Volkswagen.
Конкретно, се повлекуваат моделите „голф“, „џета“, „пасат“ и „тигуан“ произведени од 2010 д0 2014 година.
Во врска со дефектот поради кој се повлекуваат автомобилите досега немаше никакви инциденти.
Претходно Volkswagen одлучи од иста причина да повлече околу 42.000 автомобили во САД.