Волф: Ботас во Истанбул покажа апсолутно доминантна аеробатика

Од:

Извршниот директор на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф, го пофали Валтери Ботас за убедливата победа во Истанбул.

– Апсолутно доминантна аеробатика од самиот почеток. Сè беше под контрола. Заслужува оцена 10 од 10, изјави Волф.

По ГН на Турција, Луис Хамилтон го загуби водството во шампионатот, откако стартуваше од 11. позиција и на крајот освоеното 5. место во финишот. Волф е убеден дека ништо страшно не се случило.

– Можете да ги гледате работите од апсолутна и релативна гледна точка. Релативно кажано, Ред Бул беше среќен што загуби само седум поени кога доби пенал на трката за Големата награда на Русија, ние тука загубивме осум. Значи, ова не е крај на светот. Во апсолутни вредности, можевме да освоиме три или пет поени повеќе. На следната трка во Америка, тимот мора да биде во добра форма. Борбата во првенството е многу тесна, истакна Волф.

На шест трки до крајот на шампионатот во Формула 1, Макс Верстапен Од Ред Бул има шест бодови предност пред најголемиот конкурент за титулата, Хамилтон од Мерцедес.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур