Во три дена два натпревара за ракометарите на Металург

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во следните три дена ќе одигра два натпревара, во вторник во Скопје во рамките на СЕХА лигата ќе гостува тимот на Извиѓач, а во четврток во рамките од Лигата на шампионите гостин е повеќекратниот франциски и поранешен европски шампион Монпеље.

Во пресрет на двата натпревари Металург одржа прес конференција.

– Утре играме против Извиѓач, а по два дена и со Монпеље. Немаме многу време за тренинг. Имаат неколку одлични играчи (за Извиѓач), кои се високи. Играат остро во одбраната, а воедно се млада екипа. За нас е добро што се враќа Нмења Обрадовиќ, изјави тренерот на Металург Лино Червар.

Младиот голман на Металург Мартин Томовски, рече дека дуелот во вторник со Извиѓач е тест за тоа што ќе се игра со Монпеље.

– Ќе направиме се за да постигнеме поволен резултат, рече Томовски.

За натпреварот во четврток Червар истакна дека Монпеље е клуб кој секогаш цели кон високите места на натпреварувањата.

– Морам да кажам дека знаеме каков тим ни доаѓа на гости. Ова е огромен предизвик за нашата млада екипа, да им пружиме силен отпор  и да бидеме внимателни. Домашниот терен сигурно ќе ни биде предност (победа имаме над  Ла Риоха). Мора да го извлечеме максимумот од себе и да бидеме рамноправен противник, рече Червар.

Натпреварот Металург – Извиѓач се игра во вторник со почеток во 20:30 часот, додека дуелот Металург – Монпеље се игра во четврток во 18:45 часот. Двата натпревара се играат во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.  

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ