Во Тјенцин изгореа повеќе од 8.000 нови автомобили

Од:

Застрашувачката експлозија во кинескиот град Тјенцин, што однесе најмалку 50 човечки жртви, ја опустоши и индустриската област на овој пристанишен град.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на удар на огнената стихија се најдоа и голем број нови возила од марките „Фолксваген“, „Хјундаи“, „Киа“ и „Рено“ што биле складирани во пристаништето.

Целосна или делумна штета претрпеле над 2.500 автомобили на брендот „Фолксваген“. Меѓу уништените возила има 1.065 модели „Фолксваген Туарег“, 257 „Тигуана“, 391 „Буби“, 114 „Голфови“, 84 „Фолксваген Ап“ и повеќе од 800 други различни автомобили на германскиот производител.

Уште поголема штета претрпеле „Хјундаи“ и „Киа“. Проценката е дека во експлозијата се уништени околу 4.000 автомобили на корејските производители.

Во едно од складиштата што било зафатено со пожарот се наоѓале и 1.500 возила на брендот „Рено“, па вкупниот број уништени автомобил во Тјенцин за сега надминува 8.000.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ