Во Прилеп почнува првиот меѓународен „Macedonian trophy“ со џипови

Од:

На првото македонско трофи рели (Маcedonian trophy) со џипови што ќе се одржува во Прилеп денеска и утре, ќе учествуваат преку 120 учесници од Србија, Бугарија, Холандија и од Македонија.

Според Панчо Чупаркоски, од клубот „ОFF ROAD“ посебно е задоволство што на овој начин се афирмираат Македонија и Прилеп во овој адреналински спорт.

– Попладнево веќе пристигнуваат 40-ината учесници од Бугарија, 10 те од Србија, учесниците од Холандија и 60-ина од Македонија. Трките започнуваат утре, по 10 часот со старт од месноста Заполшки мост на излезот од Прилеп, преку месноста Шаторов камен па до селото Селце. Стручно жири ќе ги следи натпреварувачите и ќе ги прогласи најдобрите и најуспешните, доделувајќи прво, второ и трето место.В недела ќе се вози на мото-крој полигонот кај Старо Лагово. Прилеп изобилува со терени за ваков вид натпреварувања кои се познати во другите земји, а кај нас се нешто ново, необично и привлекуваат големо внимание, вели Чупаркоски.

За градоначалникот Марјан Ристески, битно е што посетителите ќе уживаат во овој спорт и ќе бидат сведоци на создавање уште една традиција на меѓународно натпреварување.

– Посебна гордост за Прилеп е што е домаќин на првото македонско трофи натпреварување со џипови. Тоа го потврдува градот како центар не само во Македонија, туку и на Балканот, па и во европски рамки, за екстремните спортови. Со мото-крос натпреварувањата кои по четврти пат ќе се одржат в недела на полигонот кај Старо Лагово, со параглајдерството и болдерингот, сега почнуваат и нови меѓународни натпреварувања со џипови. Патеката кај Старо Лагово ги обезбедува стандардите за мото-натпреварувања, а инфраструктурно уште и ќе се надградува. Во секој случај, овој викенд, ако кон ова се додадат и натпреварувањата во „Скејт паркот“ утре попладне, дефинитивно е викенд на екстремни спортови кои ќе се одржуваат во Прилеп, рече Ристески.

Прилепскиот клуб „OFF ROAD“ од годинава ќе изгради традиција на одржување на „MacedonianTrophy“.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Детето кое падна од прозорец е одличен и дисциплиниран ученик, тврди директорката на училиштето во Прилеп

А1он

11-годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Катерина Ѓуровски

Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ