Во Прилеп меѓународен мото-крос „Сторм рајдерс“

Од:

На полигонот за мото крос кај прилепско Старо Лагово денеска се одржа четвртиот по ред меѓународен мото крос натпревар „Сторм рајдерс“ во организација на прилепскиот клуб „Скај рајдерс“ во соработка со прилепската локална самоуправа.

Според Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот „Скај рајдерс“ и покрај претпладневниот дожд 30-ината учесници од Бугарија, Србија, Грција и од Македонија ги следеа вљубениците во трките со мотори.

– Слободно може да се рече дека оваа е најдобра патека во регионот, што е и мислењето на возачите кои имаа тренинзи цела недела. Задоволни сме што по четврти пат го организираме ова меѓународно натпреварување. За да влеземе на мапата за организирање светски натпревар, потребно ни е инфраструктурно доуредување на теренот и на самата патека. Треба да има кампинг-простор, прес центар, мал објект за брза помош, перални. Се надеваме следната година да ги исполниме бараните услови, рече Манчески.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека во Прилеп овој викенд има многу екстремни спортови, а полигонот кај Старо Лагово е совршен за трки и спортови.

– Задоволство е што се организираат вакви спортови. Полигонот е совршен за мото-крос натпреварувања, а патеките се одлични. Како локална самоуправа ќе ја доуредиме инфраструктурата, рече Ристески.

Би можело да ве интересира

Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат

Ана Ололовска

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Бузалковски БМУ Европски шампион за 2021

Ана Ололовска

Валентино Роси најави пензионирање

Над велешко езеро „Младост“ ќе стартува првата трка од Ендуро шампионатот за 2021

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски