Во Париз забранети возилата постари од 2000-та година

Од:

Во склоп на борбата против загадувањето градот Париз ги забрани за возење автомобилите регистрирани пред 2000-та година.

Според новата регулатива, сите автомобили мора да имаат налепница на која што има шест категории, како што се годината на производство, енергетската ефикасност и количината на издувни гасови.

Возилата кои што ќе бидат со налепница од „петто ниво“, што ќе укажува дека се возила на дизел произведени во периодот од 1997-ма до 2000-та година, нема да можат да возат по улиците на Париз.

Возилата произведени пред 1997-ма година и камионите и автобусите произведени пред 2001-ва година не спаѓаат во ниту една категорија, што значи дека воопшто не смее да се возат по улиците на главниот град на Франција во периодот од понеделник до петок помеѓу 8 часот наутро до 8 часот вечерта.

Во спорната категорија се наоѓаат околу 6 отсто од вкупниот број на возила регистрирани во Франција.

Според градоначалничката на Париз, Ан Идалго, овие регулативи се неопходи поради зголеменото ниво на аеро-загаденост во главниот град и се со цел да се охрабрат возачите да ги променат своите навики како би се намалил интензитетот на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on