Статуата на Златан Ибрахимовиќ, поставена до стадионот во Малме повторно беше нападната од вандали. Според „Афтонбладет“, неидентификувани лица ги исекоа нозете, како резултат на што статуата падна на оградата. Во близина беше поставен натпис „Отстрани“.
За потсетување, шведскиот фудбалер оваа зима се врати од американската МЛС лига во Европа, каде ќе игра за Милан.
Инаку, Малме е родниот град на прославениот шведски фудбалер, а истоимениот клуб е негов матичен. Статуата на Ибрахимовиќ беше поставена пред три месеци. Тежи 500 килограми, висока е 2,7 метри. Статуата и претходно во неколку наврати беше цел на вандали.