Во Лос Анџелес стигнува „Панамера“ со поглемо меѓуосовинско растојание

Од:

 На претстојниот Саем за автомобили во Лос Анџелес, „Порше“ ќе ја претстави новата „Панамера Ексклузив“, чија основна карактеристика е зголеменото меѓуосовинско растојание.

Исто како што беше случајот со првата генерација на „Панамера“, „Порше“ и во второто издание подготви верзија со зголемено меѓуосовинско растојание каде најмногу ќе профитираат патниците на задните седишта.

Во однос на стандардната „Панамера“, чие меѓуосовинско растојание е 2.950 милиметри, должината на верзијата „Ексклузив“ меѓу осовините изнесува 3.100 милиметри, што се дополнителни 150 милиметри, осносно 180 милиметри во споредба со меѓуосовинското растојание на првата генерација на „Панамера“. Сето ова без сомнеж ќе го зголеми нивото на удобноста на задните седишта.

„Панамера Ексклузив“ е опремена со поголема задна централна конзола, тука се и преклопните масички, а во опциската опрема може да се добие и посебен мултимедијален систем за патниците на задните седишта, кој содржи 10,1 инчни монитори поставени на потпирачите на седишта пред нив, кои може да се вадат и да се користат и надвор од автомобилот.

Во стандардниот дел на богатата опрема на „Панамера Ексклузив“ спаѓа и големиот панорамски стаклен покрив, електрично се подесуваат сите седишта и посебната заштита против сонце над задните седишта.

За удобноста која се очекува од луксузната лимузина се грижи активна воздушна хидраулика која обезбедува оптимално намалување на тресењето под тркалата на „Панамера“.

Продолжената верзија „Панамера Ексклузив“, Порше ќе ја нуди верзиите „Панамера 4“, „Панамера 4-Е Хибрид“, „Панамера 4С“, но и со најсилната „Панамера Турбо“.

Купувачите кои ќе го одберат моделот 4С или „Турбо“ во сериската опрема ќе можат да сметаат на управување преку двете осовини, адаптивни ЛЕД светла, амбиентално ЛЕД осветлување на патничката кабина и четиризонски клима уред. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ