Уште неколку кинески градови можно е да го ограничат приватното купување автомобили за да се изборат со се поголемото загадување на воздухот и сообраќајниот метеж во земјата.
Пекинг, Шангај и уште неколкуголеми градови веќе го ограничија купувањето возила за приватна употреба, а право на набавка може да се добие на лотарија и на аукции за регистерски таблички.
Со повеќе од 13 милиони автомобили продадени во 2012 година, моторните возила и нивните издувни гасови стана главни виновници за смогот и загадувањето на воздухот во кинеските големи градови.
Ши Џианхуа, генерален секретар на Кинеската асоцијација на производители на автомобили, изјави дека веројатно уште осум градови ќе воведат ограничување на купувањето возила. Меѓу нив се пристанишниот град Тианџин, во близина на Пекинг, мегалополисот со над 30 милиони жители Чонгчинг, на југоисток на земјата и електронскиот центар Шенџен, што се наоѓа во близина на Хонг Конг.
Таквите ограничувања можат да ја намалат продажбата на автомобили за 400.000 модели, што е два отсто од вкупната домашна продажба и може да има „одредено влијание“ врз економскиот раст на земјата, изјави Ши за весникот „Чајна дејли“.
Се подобро информираните кинески граѓани, кои имаат и поголеми очекувања, на некој начин ја присилија власта да биде потранспарентна во поглед на лошиот квалитет на воздухот во нивните градови, но бидејќи населението стана побогато, нивните желби за почист воздух дојде во судир со се поголемата зависност од автомобили.
Експертите проценуваат дека Кина, која е најголем пазар на автомобили на светот според бројот на продадени возила, се уште има простор за раст, бидејќи земјата и натаму заостанува зад развиените пазар според соодносот на бројот на автомобили и жители.
Број на автомобили во Пекинг во 2012 година се зголеми на 5,18 милиони, од 3,13 во 2008 година, објавија државните медиуми на почетокот на годината. Од почетокот на 2012 година потенцијалните купувачи мораат да се регистрираат за месечната лотарија за извлекување на регистерски таблички, без кои не може да се набави автомобил.
Секој месец се избираат 20.000 среќни добитници на таблички. Минатиот месец во извлекувањата учествуваа речиси 1,53 милиона лица.
Џао Џиан, сообраќаен експерт на пекиншкиот Џинтао универзитет за економија и менаџмент, вели дека е малку веројатно оти рестрикциите на бројот на автомобили во другите градови ќе влијае врз намалувањето на загаденоста, бидејќи по нивните улици веќе има премногу возила.
– Рестрикциите на бројот на сопственици на автомобили во Пекинг не ја постигнаа целта што властите ја поскауваа, бидејќи ограничувањата само го забавија растот на бројот на автомобили. Тие не го намалија бројот на автомобили, рече Џао.
Анализирајќи ја еколошката ситуација во Кина, Азиската банка за развој во 2012 година наведе дека покрај издувните гасови од автомобилите, виновници за загадениот воздух се и недостигот на ефикасен јавен превоз, слабите стандарди за заштита и бавниот развој на технологијаата за еколошки чисти автомобили.