Продажбата на нови возила во Кина во 2014 година оствари раст од 6,9 отсто достигнувајќи рекордна бројка од 23,49 милиони примероци, соопшти Кинеската асоцијација на производители на автомобили.
Во 2013 година продажбата имаше раст од 13,9 проценти, на 21,98 милиони возила. Кина во 2014 ја задржа позицијата на најголем пазар на автомобили во светот, пред САД каде во 2014 година се продадени 16,5 милиони возила.
Продажбата на патнички возила во Кина има раст од 9,9 отсто на 19,70 милиони во 2014 година, се наведува во соопштението на Кинеската асоцијација на производител и на возила.
Според организацијата во 2015 година се очекува „релативно висок“ раст на продажбата на патнички возила, но со помал раст поради економското забавување и построгите прописи во однос на емисијата на штетни гасови.