„ФИАТ“ ги објави првите официјални фотографии и технички детали на моделот „500Л“ со седум седишта, во пресрет на неговата премиера што е заказана за јули 2013 година, на седумгодишницата од лансирањето на семејството „500“.
По стандардниот „ФИАТ 500Л“ и неговата „Trekking“ верзија „500Л Ливинг“ е третиот модел што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.
„ФИАТ“ успеа до сега да го задржи во тајност неговото име. Иако се споминуваа називите „500 XL„ и „500+“, автомобилот со конфигурација на седиштата од 5+2 официјално ја доби ознаката „Ливинг“, со што се нагласува дека возилото располага со поголем „животен простор“, како што наведуваат во италијанската компанија.
„ФИАТ 500Л Ливиниг“ во суштина е продолжена верзија на моделот за пет патника, со што се доби простор за третиот ред седишта, односно дополнителната запремнина на багажниот пристор кога последите две седишта се спуштени.
На тој начин, стандардниот „500Л“ нараснува во должина на 4,35 метри, додека неговата широчина на 1,78 метри, а височина на 1,67 метри.
Багажниот простор изнесува 638 литри корисна запремнина, кога задните две седишта не се во функција.
Моделот „500Л Ливиниг“ на почетокот ќе биде достапен со четири погонски единици што веќе се користат во стандардната верзија со пет седишта. Во прашање се два бензинца, 1.4-литарски мотор со 70 кЊ/95 кс и 0.9-литарски TwinAir Turbo што развива 77
кЊ/105 кс.
Што се однесува на дизелите, во понудата ќе бидат два MultiJet II мотори, 1.3-литарски со 62 кЊ/85 кс и 1.6-литарски со 77 кЊ/105 кс.
„ФИАТ 500Л Ливиниг“ прво ќе им биде понуден на купувачите во Италија, кои ќе можат да го нарачаат веќе во јули 2013 година.