Во ист ден ждрепката за ФИБА Европа Куп и за квалификациите за женското ЕП

Од:

Светската кошаркарска асоцијација – ФИБА на 4 јули ќе одржи четири извлекувања во Минхен. Почнувајќи од 11 часот наутро, во хотелот „Хилтон“ ќе започне ждрепката за Еврокуп (жени), потоа следи ждребот за Евролига (жени), Европа Купот (мажи) како и за распоредот по групи за квалификациите за Европското првенство (жени).

Македонската кошаркарска федерација ги пријави сениорките за претстојните квалификации, а на 4 јули, на ждрепката во Минхен репрезентативките ќе ги добијат своите ривали против кои ќе бркаат историски пласман на едно континентално првенство.

Европското првенство ќе се одигра во 2019 година, а земјата-домаќин се уште не е позната.

Карпош Соколи, како вицешампион на Република Македонија одлучи да аплицира за два меѓународни фронта меѓу кои едниот е и Европа Купот на ФИБА.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски