Во Холандија уапсени пет лица поради местење натпревари

Од:

Холандската финансиска полиција уапси пет лица кои се осомничени за местење натпревари, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Тројца од приведените се обвинети дека се учесници во криминална организација која е многу активна во оваа земја и која се занимава со нелегално обложување, еден осомничен е обвинет за фалсификување документи, додека петтото уапсено лице е под сомнение за перење пари.

– Интегритетот на нашиот спорт мора да биде заштитен од криминалците и ние ја поддржуваме секоја акција на полицијата која има за цел да спречи местење натпревари. Ние даваме таква поддршка не само кај нас, туку и низ целиот свет, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Силна експлозија во Холандија