Во Горење внимателни во пресрет на дуелот со Металург

Од:

Ракометарите на Металург утре во Велење ги продолжуваат натпреварите од Лигата на шампионите. Во рамките на 8.коло за противник го имаат словенечкиот шампион Горење, кого во Скопје го совладаа со 30:23.

Во словенечкиот табор посакуваат реванш за поразот во Скопје, но се претпазливи поради, како што велат, квалитетот кој го поседува македонскиот шампион.

– Немаме многу време за подготовка, но навикнати сме да играме под притисок. Металург ни е должник од првиот дуел, особено од првиот дел. За македонскиот шампиони настапуваат девет репрезентативци на Македонија, а таму се уште голамнот на Србија Дарко Станиќ и Словенците Ренато Вугринец и Миладин Козлина. Тоа е знак дека се опасни од секаде, секако и од пикерите Младен Ракчевиќ и Ванчо Димовски. Играат одбрана 6-0 и ако ја спречиме нивната транзиција во контранападите, тогаш ќе бидеме чекор поблиску до победа, изјави тренерот на Горење Брнако Тамше за словенечките медиуми.

Во средата во дербито на словенечката лига Горење пред своите навивачи го совлада Копер со 35:28. Горење е лидер на табелата во Словенија со 36 бодови пред Цеље со 33.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска