Компанијата „Фолксваген“ на германскиот пазар ја понуди Плуг-Ин хибридната верзија на својот нов „Пасат“, по цена од 44.250 евра.
„Пасат ГТЕ“, што светската премиера ја имаше во 2014 година на авто-салонот во Париз, ќе биде придвижуван од 1.4-литарски ТСИ бензинец и електричен мотор.
Бензинската единица развива 156 кс (115 кW), а електромоторот 115 кс (85 кW). Вкупната комбинирана сила на системот достигнува 218 кс (160 кW), а максималниот вртежен момент е 400 Нм.
Силата на тркалата се пренесува со помош на специјално развиен шестбрзински менувач со двоен кумплунг.
Автомобилот е во состојба до стотка за забрза за 7,4 секунди и да достигне максимални 225 километри на час, осносно 130 километри на час доколку се вози исклучиво на електричен погон.
Вкупната автономија во возењето изнесува 1.114 километри, а благодарение на батеријата од 9.9 кWх, „Пасат ГТЕ“ во чисто електричниот мод минува и до 50 километри.
Германскиот производител тврди дека хибридниот модел во комбиниран режим на возење просечно троши само 1,6 литри на 100 километри.
Лимузината „Пасат ГТЕ“ во Германија чини 44.250 евра, додека за караван верзијата треба да се издвојат 1.000 евра повеќе.