Првиот „Мерцедес Е“ класа од најновата генерација слезе од производната лента во фабриката во Синделфинген, во Германија.
Компанијата „Мерцедес“ во оваа прилика на јавноста и ги изложи и неговите претходници и потсети на историјата на овој модел.
Од германскиот производител велат дека „Е“ класата е најпродаваниот „Мерцедес“ на сите времиња, со 13 милиони испорачани примероци, а претходница му беше „Мерцедес 170 В“.
По новата „Е“ класа седан, ќе биде претставена и караван верзијата, која, исто така, ќе се склопува во Синделфинген.
Инаку, во оваа фабрика веќе се изработуваат моделите „CLS“, „CLS Shooting Brake“, „С“ класата (Седан, Купе, Кабриолет), „Мерцедес-Мајбах“ и спортскиот „Мерцедес-АМГ ГТ“.
Во погонот се вработени повеќе од 25.000 работници, а годишно се произведуваат 400.000 автомобили од различни модели.