Во Битола се одржува планинарскиот марш „Димитар Илиевски-Мурато“

Од:

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ – Битола заедно со планинарските клубови од државата и странство денескa го одбележуваат 10 мај, денот кога пред 25 години алпинистот Димитар Илиевски – Мурато го освои највисокиот планински врв на светот – Монт Еверест.

Јубилејната 25. манифестација „Димитар Илиевски-Мурато“ се одржува неколку денови, а почна со изложба на тема „Ретроспектива на минатите маршеви“ на авторот Петар Ставрев, во Битола гостуваше и професорот Сашко Кедев кој одржа презентација за „Седумте светски врвови“, а средба со планинарите и рекреативците одржа и Јован Поповски, водач на македонската хималајска експедиција во 1989 година, кога Димитар Илиевски-Мурато се искачи на Монт Еверест.

– Од утрово во 6 часот во тек е традиционалниот марш до врвот Пелистер. Според програмата, напладне ќе одржиме планинарски час и ќе положиме цвеќе на споменикот на Мурато на Копанки, а потоа ќе имаме заедничко дружење на планинарите од градот, државата и гостите од странство, информираат од планинарскиот клуб „Пелистер“.

Како што е познато, на 10 мај 1989 година битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато се искачи на Монт Еверест, но не успеа да се врати до базниот логор и се води како исчезнат. Постхумно е награден со Медал за заслуги за Македонија.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Инцидент во детска градинка во Битола