Бентли објави дека оставка поднел нивниот директор за дизајн Лук Донкерволке по три години поминати на таа функција што е релативно кус мандат.
Замената е веќе позната – во прашање е Штефан Зилаф кој досега беше шеф за дизајн на ентериер во Фолксваген.
Во кусото соопштение од Бентли не се споменуваат никакви причини за оставката. Зилаф работел и во Ауди, наведуваат германски медиуми. Директорот на Бентли даде изјава во која вели дека компанијата се наоѓа во една од најзначајните фази во историјата и оти имаат големи планови за следните модели.