Влаховиќ си заминува од Јувентус

Од:

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ нема да потпише нов договор со Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.

Влаховиќ вчера го прослави својот 25-ти роденден, додека италијанските медиуми пишуваат дека тој нема да ја продолжи соработката со „Старата дама“.

Пред точно три години тој пристигна од Фиорентина за 70 милиони евра плус бонуси, а доколку нема изненадувања во последните денови од рокот, до понеделник Влаховиќ и Јуве ќе треба да се обидат да коегзистираат уште шест месеци.

Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, па доколку не си замине сега, најреална опција е тоа да го направи на лето.

И поради високата плата (во моментов заработува 10,5 милиони годишно), и поради тоа што Јуве ќе се обиде да заработи некој денар од трансфери.

Ситуацијата многу потсетува на онаа со Федерико Киеза минатото лето, кој на крајот замина во Ливерпул.

Оваа сезона беше доста турбулентна за српскиот напаѓач, кој постигна 12 гола на 26 натпревари.

Претходните дербија против Милан и Наполи ги започна од клупата и влезе во финишот, а се чини дека Тиаго Мота планира да му даде повеќе шанси на новајлијата од Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муни.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ