Душан Влаховиќ нема да одговори на поканата на селекторот Драган Стојковиќ за претстојните натпревари со Шпанија и Данска на стартот од Лигата на нации. „Орлите“ најпрвин на 5 септември го пречекуваат европскиот и олимпискиот шампион, а потоа три дена гостуваат кај последниот ривал од последното Европско првенство.
На социјалните мрежи денеска по 15 часот се огласи Душан Влаховиќ.
– Денеска го информирав стручниот штаб дека поради семејни причини нема да можам да одговорам на повикот на селекторот за претстојните натпревари од Лигата на нации против Шпанија и Данска – напиша Душан Влаховиќ на својот Инстаграм профил.