Бесплатна „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ организира Виз Ер Скопскиот маратон на која, како што посочуваат, може да учествува секој без разлика на кој дел од светот доаѓа. Единствениот услов е да се почитуваат препораките од надлежните, секој да трча сам или на растојание од 2-3 метри.
-На забавен и креативен начин ја претставуваме новата виртуелна трка „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ преку која ќе трчате, но и ќе се забавувате. Иако овој викенд, на 10 мај, требаше да се одржи Виз Ер Скопски Маратон, кој се одложи за 4 октомври годинава, а во неделата пред одржувањето на маратонот од организацијата секогаш имало интересни и возбудливи содржини, соопшти Виз Ер Скопскиот маратон.
Посочуваат дека регистрацијата за „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ е бесплатна и ќе трае од 5 до 15 мај со официјална должина на трката од пет километри. Во овој период ќе треба и да се истрча трката.
Појаснуваат дека е дозволено одење или трчање во еден ден или во неколку денови во периодот додека трае виртуелната трка. Исто така, оние кои се спремни може да истрчаат и повеќе километри од предвидените 5 км и истите ќе бидат прикажани во листата на резултати. Сепак, како што велат, одлучувачки фактор за најдобар резултат ќе се земе времето на најдобрите 5 км од истрчаната должина, потребно за истрчување на 5 километри потребни за виртуелната трка.
-За учество во „СКМ Виртуелната Трка – Трка за забава“ можете да се регистрирате на два начина. Доколку трчате со мобилен телефон, треба да ја инсталирате апликацијата Racemap (достапна бесплатно на Play Store и App Store) на која е креирана самата СКМ Виртуелна трка, а мора да се регистрирате пред да трчате на самата апликација со едноставен внес на вашето име, презиме и омилен број. Но, доколку трчате со GPS часовник или друга мобилна апликација, регистрацијата се прави по трчањето на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/