Во рамките на подготовките за Мундобаскетот во Шпанија (30. август – 14. септември) актуелниот светски шампион селекцијата на САД постигна висока победа од 105:62 над Доминиканската република.
Американците беа доминантни во текот на целиот дуел, а како стрелци се истакнаа: Руди Геј и Де Мари Де Розан, кои постигнаа по 13 поени, додека Џејмс Харден и Кајри Ирвинг имаа по 12.
Овие две селекции ќе играат во истата група Б во Билбао на Светското првенство во Шпанија.
Убедлива победа постигна и домаќинот Шпанија во дуелот со Хрватска од 82:61, а најефикасен беше Пау Гасол со 18 поени.
Репрезентациите на САД и на Шпанија важат за најголеми конкуренти за настап во финалето на Светското првенство.