Висла испушти победа во Кил

Од:

Ракометарите на Кил многу потешко од очекувањата забележаа победа во дуелот со Висла Плок во првиот меч од 12. коло во Лига на шампиони. Гостите од Полска на две минути пред крајот имаа водство и се наоѓаа пред победа, но тогаш германскиот претставник направи пресврт и триумфираше со 26:24.

Хрватот, Домагој Дувњак со 10 и Србинот, Марко Вујин со седум гола беа најзаслужни за победата на Кил, додека Роча беше најефикасен кај Висла со седум погодци, но го промаши пеналот при резултат 24:24.

Останатите натпревари од оваа рунда на програмата се претстојниот викенд (20 и 21 февруари). Македонскиот шампион Вардар в сабота е домаќин на Кристијанштад.

Другите двојки се: ПСЖ – Бешикташ, Цеље – Фленсбург и Веспрем – ППД Загреб (група А); Киелце – Рајн-Некар, Колдинг – Монпеље и Барселона – ПИК Сегед (група Б).

Табела А група: Фленсбург 18 бодови, ПСЖ 18, Веспрем 17, Кил 13, ППД Загреб 9, Висла 8, Цеље 5 и Бешикташ 2.

Табела Б група: Барселона 17 бодови, Пик Сегед 15, Киелце 15, Рајн-Некар 15, Вардар 12, Монпеље 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 2.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ