Вимблдон ја укина забраната за руските и за белоруските тенисери

Од:

На руските и на белоруските тенисери годинава ќе им биде дозволено да се натпреваруваат на Вимблдон како „неутрални спортисти“, објавија челниците на третиот тениски Грен слем турнир во сезоната. Тоа го направија поради санкциите што им беа наметнати минатата година и стравот да не бидат исфрлени од АТП и ВТА.

„Нашата сегашна намера е да прифатиме пријави од руски и белоруски играчи под услов да се натпреваруваат како „неутрални“ спортисти и да ги исполнат соодветните услови“, објави на својата веб-страница тенискиот Ол Ингланд клуб.

Минатата година, поради руската агресија врз Украина, на тенисерите од Русија и Белорусија им беше забрането учество на еден од најпознатите турнири во светот, иако имаа право да учествуваат на други АТП и ВТА турнири, како и на ИТФ турнејата, но без национални обележја.

Поради ова, АТП одлучи да не се бројат бодовите освоени на Вимблдон. Годинава Русите и Белорусите се враќаат на Вимблдон, па ќе се бројат и освоените бодови на турнирот.

„На тенисерите ќе им биде забрането да изразуваат поддршка за руската инвазија на Украина во различни форми, а на играчите кои добиваат финансирање од руската и/или белоруската држава ќе им биде забранет влезот. Условите се внимателно развиени преку конструктивен дијалог со Владата на Обединетото Кралство и меѓународните тениски тела и се усогласени со објавените владини упатства за спортските тела во Британија“, се додава во соопштенето.

Претседателот на „All England Club“, Иан Хјуит, додаде дека ова е „неверојатно тешка одлука“.

„Продолжуваме целосно да ја осудуваме илегалната инвазија на Русија и нашата сесрдна поддршка останува со народот на Украина. Ова беше неверојатно тешка одлука што не беше донесена“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Дали чувствуваш вина зошто си од Русија-Англичаните навиваа за Русинот против Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

Лани играше финале на Вимблдон, сега се повлече од турнирот

Катерина Ѓуровски