Вилнев: Кими или да го менува стилот или да оди во пензија

Од:

Поранешниот првак во Формула 1 Жак Вилнев му порача на Кими Раиконен да го смени стилот на возење или да се подготвува за пензија.

– Кими секогаш давал максимум на патеката, но ретко кој очекуваше тој повторно да вози за Ферари. Сега, кога се врати во Ф1, мора да го промени стилот на возење или да си се подготви за пензија. Во болидите доаѓаат млади пилоти кои возат на високо ниво и ако не можеш да ги следиш подобро е да се откажеш, му порача Вилнев на поранешниот свој ривал на патеките од Шампионатот во Формула 1.

На овој начин Вилнев се приклучи на критичарите на Раиконен кои сметаат дека Ферари со Раиконен сезонава не ги постигнува очекуваните резултати.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес