Најдобриот српски стрелец на сите времиња Александар Митровиќ е пред трансфер од Англија во Шпанија, откако интерес за 27-годишниот фудбалер пројави екипата на Виљареал.
Шпанските медиуми наведуваат дека за трансфер на Митровиќ лично инсистира тренерот на Виљареал, Унај Емери, и клубот е подготвен да му плати на Фулам отштета од 16 милиони евра.
Митровиќ, кој е прв стрелец во англискиот Чемпионшип сезонава со 27 голови, претходно овој месец ја однесе Србија на Мундијалот 2022 во Катар, со погодокот во судиското продолжение во триумфот над Португалија (2-1) во Лисабон.