Вилијамс во третото коло на Вимблдон, Вознијацки поразена од Макарова

Од:

Американската тенисерка Серена Вилијамс со убедлива победа од 2:0 во сетови ја совлада бугарската тенисерка Викторија Томова и се пласираше во третото коло на Вимблдон.

Седумкратната шампионка на Вимблдон без многу напор за 68 минути игра ја совлада Томова.

Серена првиот сет го доби експресно со 6:1 за 24 минути игра, а во вториот Томова пружи посилен отпор, но сепак го загуби со 6:4 во гемови.

Непријатно беше изненадена втората носителка на Вимблдон, Каролине Вознијацки, која беше елиминирана уште во второто коло.

Данската тенисерка во три сетoви беше поразена од Екатерина Макарова од Русија.

Првиот сет го доби Макарова со 6:4, а Вознијацки возврати освојувајќи го вториот сет со убедливи 1:6. Меѓутоа, во решавачкиот сет Макарова беше поуспешна и го освои со 7:5 во гемови.

Би можело да ве интересира

Алкараз се надева на победа-има психолог кој му помага да се соочи со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон

Жабер втора година по ред стигна до финалето на Вимблдон

Дали чувствуваш вина зошто си од Русија-Англичаните навиваа за Русинот против Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Вимблдон

Лани играше финале на Вимблдон, сега се повлече од турнирот

Катерина Ѓуровски