Поранешната тенисерка број 1 во светот, Серена Вилијамс се пласира во деветтото финале на US Open по успехот со 6:3, 6:0 над Анастасија Севастова.
Соперничка на Американката, која има освоено 23 Гренд слем титули, ќе биде Јапонката Наоми Осака, која ја победи Американката Медисон Кис со 6:2, 6:4 во другото полуфинале и ја постигна првата победа над оваа соперничка од која имаше три порази до овој момент.
При евентуален успех во спорот за трофејот, Серена ќе се израмни по освоени титули од „големата четворка“ со Маргарет Кортни.
Серена е шесткратна победничка во Њујорк, а за последен играше во финалето во 2014 година.