Вилијамс ќе го пропушти првиот ден од тестовите во Барселона

Од:

Британскиот тим во Формула 1, Вилијамс нема да има време да го подготви својот нов болид ФВ-42 за првиот ден од тестовите во Барселона, објави прес-службата на тимот.

За жал, моравме да го одложиме почетокот на тестовите пред сезона, до вторник наутро.амс. – Потребно ни е малку повеќе време за подготовка. Нашиот приоритет е да го подготвиме автомобилот најдобро што можеме за првиот излез на патеката, а понекогаш е потребно повеќе време отколку што би сакале. Не е идеална ситуација, но тоа не е крајот на светот, велат од Ф1 тимот на Вилијамс.

Така, на првиот ден од претсезонските тестови во Барселона, кој ќе се одржи утре (18 февруари), на патеката ќе се појават девет наместо десет болиди.

Би можело да ве интересира

Албон итно опериран, Ник де Врис ќе дебитира за Вилијамс

Рено со најагресивен пристап за Гран при на Австралија

Кубица: Вилијамс изведе само 20 проценти од планираните тестирања

Леклер со најбрзо време досега, несреќа на Гласли

Лaндо Норис и Мекларен најбрзи на петтиот тест ден во Барселона

Ферари го претстави новиот претендент за титулата во Формула 1