Вилијамс – Азаренка во финалето на Индијан Велс

Од:

Американката Серена Вилијамс и Викторија Азаренка од Белорусија ќе се борат за трофејот на престижниот тениски турнир во Индијан Велс.

Ова е епилогот по двете полуфиналиња одиграни изутринава. Првата носителка и најдобра светска тенисерка во моментов, Вилијамс, беше подобра од Агњешка Радванска со 2-0. Првиот сет заврши 6:4, а во вториот се играше тај-брејк кој со убедливи 7:1 му припадна на фаворитката.

Многу понеизвесно беше на второто полуфинале, кое заврши по три сета. Во првиот Азаренка победи на тај-брејк со 7:1. Вториот сет Каролина Плишкова (Чешка) го реши во своја полза со 6:1, а одлучувачкиот сет и припадна на Азаренка со 6:2.

Финалето ќе се одигра утревечер со почеток во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ