Одиграни се првите натпревари од шеснаестфиналето од Лига Европа, во кои домашните екипи на Анжи и Зенит обезбедија предност пред реванш дуелите против германски Хановер, односно Ливерпул.
Хановер против Анжи имаше водство од 1-0 во текот на првото полувреме, меѓутоа Русите во продолжението заиграа многу подобро и успеаа да слават со убедливи 3-1.
Предност за бундеслигашот обезбеди Хушти, во 23-та минута, а десет минути подоцна Ето израмни на 1-1.
Само што започна второто полувреме Ахмедов носи водство за Анжи, за конечните 3-1 да ги постави Бусуфа.
Два гола предност, без ниеден примен, оствари Зенит пред своите навивачи против Ливерпул. Екипата на Спалети славеше победа од 2-0, а натпреварот беше решен во второто полувреме. До погодок домаќините чекаа до 69-та минута кога Хулк ја затресе противничката мрежа, а само три минути подоцна предноста на Зенит ја зголеми Семак за конечни 2-0.