ВИДЕО: Запознајте го новиот „Пежо 308“

Од:

Францускиот магазин „ЛаАутомобиле“ објави први фотографии и видеo на кои детално е претставен новиот „Пежо 308“.

На видео записот може детално да се запознае новиот Пежо 308 од повеќе агли. Особено впечатливи се новите светлосни групи.

Внатрешниот дизајн изгледа оригинално и покажува дека компанијата не штедела на квалитетот на користените материјали. Детално е претставен и новиот мултимедијален уред со екран осетлив на допир, копчето за стартување на моторот поставено на централната конзола меѓу рачката од менувачот и електронската рачна кочница.

Новиот Пежо 308 стилски се надоврзува на најновите модели на францускиот производител, а според дименциите е понизок и помал од својот претходник. Деталите од погонските единици се уште не се познати, но се претпоставува дека ќе ги дели моторите со Цитроен Ц4.

Премиерата на 308 ќе биде на Саемот на автомобили во Франкфурт во септември 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on