Холандија на речиси неверојатен начин го освои златниот медал во дисциплината 4×400 метри за жени на Светското првенство во атлетика во Будимпешта. Цело време Холанѓанките заостануваа, но на крајот благодарение на одличната Фемке Бол (21), воедно и нова светска шампионка во дисциплината 400 метри со пречки, успеаја да го освојат првиот златен медал во својата историја. Уште повеќе, првиот медал во ваков тип на штафета.
На крајот, Холанѓанките ја истрчаа трката за 3 минути, 20 секунди и 72 стотинки, а едноставно е неверојатно како Фемке Бол ги „остави во прашина“ своите ривалки од Јамајка (Стејси-Ен Вилијамс) и Велика Британија (Никол Јергин ). Претходните трите Холанѓанки и оставија многу тешка задача, но благодарение на страшната завршница успеа да се пробие од третата позиција на првата.
Последната членка на „штафетата“ веројатно заостануваше 15-20 метри пред последниот „свиок“, а потоа додаде гас и на магичен начин донесе злато во својата земја.
“𝑳𝒐𝒐𝒌 𝒂𝒕 𝑩𝒐𝒍!” 🤯
Femke Bol comes from nowhere to win gold for Netherlands in the women’s 4x400m relay 🇳🇱 pic.twitter.com/2pFAR0dtUd
— Eurosport (@eurosport) August 27, 2023
„Бев трпелива, но пред крајот си реков: „Не, мора да победиме овде“. Бев уморна, не се чувствував најдобро, но другите трчаа и се трудеа пред мене“, изјави 21-годишната Фемке Бол, која е хероината на својата земја.
Погледнете го неверојатното возење на Фемке Бол на крајот од трката, додека Евелин Салберг, Лика Клавер и Кејтлин Питерс со неа го поделија златниот медал за Холандија во „штафетата“.