(ВИДЕО) Вардар го совлада Копенхаген во првиот меч од Лигата на шампионите

Од:
Македонскиот првак  Вардар забележа минимална победа од 1:0 против данскиот Копенхаген во првата средба од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Балотели во 65.минута.
Дуелот се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје и го следеа 10.000 гледачи.
Вардар со тактички зрела и пожртвувана игра успеа да ја остари целта, со победа без примен гол да патува на реваншот во Копенхаген.
 „Црвени-црните“, според најавите на тренерот Седлоски, започнаа агресивно, веднаш притиснаа кон голот на Олсен, иако гостите преку Грегуж го имаа првиот удар, но Гачевски успеа да одбрани.
Реванш натпреварот во Данска ќе се игра на 2 август во терминот од 20 часот.
 Покрај овој натпревар досега се одиграа и средбите: Карабах – Шериф 0:0, Славија Прага – БАТЕ Борисов 1:0, Стеауа Букурешт – Викторија Плзен 2:2  и АЕК Атина – ЦСКА Москва 0:2, додека во последниот денешен дуел во Белград на полувремето од средбата Партизан – Олимпијакос резултатот е израмнет 1:1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

A1on

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот