Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ се повреди на натпреварот против Оклахома Сити Тандер.
Тој при борбата со Лугенца Дорта незгодно падна и во таа прилика го исчаши коленото.
Поради тоа мораше да го напушти теренот и прашање е колку време ќе мора да биде надвор од теренот.
Paul George had to be helped to the locker room after this…Prayers. 🙏🙏
— Hoop Central (@TheHoopCentral) March 22, 2023
Џорџ до тој момент имаше 18 поени, седум скока и пет асистенции.
Неговиот потенцијално отсуство може да ги чини Клиперси и нивните амбиции да ја освојат првата титула во историјата на франшизата.