Комична ситуација од натпреварот од белгиското првенство меѓу Мехелен и Остенде ги засмејува фудбалските фанови ширум светот, кои се согласни дека промашување од ваков тип навистина ретко се гледа.
Играчот од средниот ред на Мехелен, Астер Вранкс, се најде сосема сам пред голот, откако топката претходно се одби од пречката, а голот на Остенде „висеше“.
Неговата урнебесна реакција пред голот од вчера е тема на бројни пародии на Твитер, а првиот коментар на повеќето луѓе кога ќе ја видат колосалната „утка“ е дека навистина беше потешко да се промаши.
Meanwhile in Belgium….
— Ross Dyer (@RossDyerTV) September 12, 2020
За несреќа на Вранкс, неговата грешка го чинеше многу неговиот тим, кој загуби со 1:0.