Белгија: Прекин на сите аматерски фудбалски натпреварувања поради пандемијата

Од:

Фудбалската федерација на Белгија (РБФА) соопшти денеска ќе ги суспендира аматерските натпреварувања во земјата поради пандемијата на коронавирусот.

Натпреварувањата во професионалните лиги и во белгискиот Куп ќе продолжат без присуство на публика, а на аматерските екипи кои се натпреваруваат во националниот Куп ќе им бидат издадени посебни дозволи.

РБФА соопшти дека на аматерско ниво ќе бидат дозволени натпревари само на играчи на возраст до 12 години.

Во соопштението на РБФА се истакнува дека финансиските последици од пандемијата се „огромни“ и оти Федерацијата досега од својата каса издвоила осум милиони евра како помош за клубовите.

Белгија е тешко погодена од пандемијата со речиси 20.000 смртни случаи како последица на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Канаѓаните ги собраа аплаузите, а Белгија ја однесе победата

Мартинез за Франција: Многу напреднаа за три години, имаат по тројца супер играчи за секоја позиција во тимот

Ана Ололовска

Азар е најдобриот фудбалер во историјата на белгиската репрезентација во изборот на навивачите

Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Утка“ на годината во Белгија – „ѕвездата“ се вика Астер Вранкс

Жарко Настоски

Куртоа со позитивен тест за Ковид-19

Ана Ололовска