Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски полека се враќа во форма, а вчера беше и стрелец за неговата екипа Бриж во дуелот со Леувен 3-1. Нашиот репрезентативец влезе во игра во 75-та минута и го постигна третиот гол за победа на својот тим.
Уште еден наш реперзентативец вчера се запиша во листата на стрелци за својот тим, а тоа беше Дарко Тасевски со израелскиот Ирони Кирјат Шмона. Неговиот тим славеше со 3-1 против Хапоел Рамат Ган, а Тасевски го постигна вториот гол за неговиот тим, па по 7 нерешени дуели Шмона конечно победи.