ВИДЕО: Трета US Open титула за Надал

Од:

Шпанецот Рафаел Надал го победи Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 3-0 синоќа во финалето на US Open за нешто повеќе од два и пол часа игра.

Првите два сета најдобриот светски рекет во моментов, ги доби со 6:3, а третиот со 6:4.

На тој начин Надал дојде до својата трета титула на Отвореното тениско првенство на САД.

Воедно, Шпанецот ја збогати својата колекција со 16-от трофеј од најголемите турнири, а по бројот на Грен слем трофеи е втор на вечната листа, зад Роџер Федер кој има 19, а пред Пит Сампрас со 14.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест